Фронтекс: Намален приливот на сириски бегалци во Грција

Од:

Агенцијата за контрола на надворешните граници на ЕУ (Фронтекс) соопшти денеска дека бројот на сириски бегалци во Грција во изминатите месеци значително опаднал по намалувањето на бројот на луѓето кои лажно се претставуваат, јави Танјуг.

Сиријците сочинуваат 56 отсто од сите мигранти регистрирани во Грција во 2015 година, но тој број опаднал на 51 отсто во октомври, 43 во ноември и 39 во декември минатата година, се наведува во соопштението на агенцијата, чие седиште е во Варшава.

– Со зголемувањето на присуството на Фронтекс и дополнителниот број грчки полицајци, воочуваме дека дошло до напредок при прегледот на мигрантите, што значи дека се намалил бројот на луѓето кои можеле лажно да се претстават, рече директорот на Фронтекс Фабрис Легери.

Тој истакна дека агенцијата може само да помогне во проценката на националноста на имигрантите кои доаѓаат, а оти нејзините податоци не покажуваат кој ќе бара азил.
Од друга страна, бројот на мигранти од Ирак се зголемил од 11 отсто во октомври и 12 отсто во ноември, на 25 отсто во декември 2015 година, додава Фронтекс.

Би можело да ве интересира

Македонија учесник во операција предводена од Фронтекс, пронајдени 505 украдени автомобили, 16 чамци и 2.000 украдени делови за возила

Катерина Ѓуровски

Почеток на заедничката операција со ФРОНТЕКС

Макрон до Пендаровски: Договорот со Фронтекс е доказ дека во ЕУ се почитуваат македонскиот јазик и идентитет

Талески: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Договорот со Фронтекс во Собрание

Нуркачите немоќни, временските услови лоши: Хеликоптер на Фронтекс се вклучува во потрагата по детето од Херцег Нови

А1он

Фронтекс објави необична мапа: Русите масовно доаѓаат во ЕУ, но и се враќаат и во Русија

А1он