ФРОНТЕКС ќе го зголеми присуството во Грција

Од:

Европската агенција за управување со надворешните граници (ФРОНТЕКС) до крајот на месецот ќе го зголеми присуството во Грција, откако двете страни се согласија за неопходноста за поголема операција за справување со мигрантите.

Во соопштението од ФРОНТЕКС се наведува дека операцијата „Poseidon Rapid Intervention“ ќе почне на 28 декември, при што е предвидено распоредување на 376 офицери и преведувачи, како и експерти за испитување, истрага, земање на отпечатоци од прсти и подготвување на документи.

Персоналот на ФРОНТЕКС ќе биде од различни земји-членки на Европската унија.
Во 2015 година повеќе од 991.000 бегалци и мигранти пристигнаа во Европа по копнен и морски пат, а до крајот на годинава се очекува нивниот број да се искачи до еден милион. 

Би можело да ве интересира

Македонија учесник во операција предводена од Фронтекс, пронајдени 505 украдени автомобили, 16 чамци и 2.000 украдени делови за возила

Катерина Ѓуровски

Почеток на заедничката операција со ФРОНТЕКС

Макрон до Пендаровски: Договорот со Фронтекс е доказ дека во ЕУ се почитуваат македонскиот јазик и идентитет

Талески: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Договорот со Фронтекс во Собрание

Нуркачите немоќни, временските услови лоши: Хеликоптер на Фронтекс се вклучува во потрагата по детето од Херцег Нови

А1он

Фронтекс објави необична мапа: Русите масовно доаѓаат во ЕУ, но и се враќаат и во Русија

А1он