Фронтекс испраќа засилување на грчко-турската граница

Од:

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) денеска соопшти дека распоредила засилување и оти е кренато нивото на тревога на грчко-турската граница, додека илјадници мигранти се собираат на границата на Грција.

„Од Грција добивме барање за дополнителна помош. Презедовме чекори за распоредување дополнителна техничка опрема и агенти во Грција“, се вели во соопштението на портпаролот на Фронтекс во Брисел.

Фронтекс, како што се посочува, го подигнал степенот на предупредување за сите граници кон Турција.

Соочен со пристигнувањето на илјадници мигранти во границите на Грција, премиерот Киријакос Микотакис за денеска во 18 часот свика состанок на Советот за надворешни работи и одбрана на грчката Влада.

Приливот на мигранти уследи по најавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека ќе ја отвори границата и ќе им дозволи на мигрантите да влезат во Европа.

Би можело да ве интересира

Македонија учесник во операција предводена од Фронтекс, пронајдени 505 украдени автомобили, 16 чамци и 2.000 украдени делови за возила

Катерина Ѓуровски

Почеток на заедничката операција со ФРОНТЕКС

Макрон до Пендаровски: Договорот со Фронтекс е доказ дека во ЕУ се почитуваат македонскиот јазик и идентитет

Талески: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Договорот со Фронтекс во Собрание

Нуркачите немоќни, временските услови лоши: Хеликоптер на Фронтекс се вклучува во потрагата по детето од Херцег Нови

А1он

Фронтекс објави необична мапа: Русите масовно доаѓаат во ЕУ, но и се враќаат и во Русија

А1он