Фрлена бомба на куќата на Веселин Јевросимовиќ, сопственикот на Алфа телевизија

Од:

Фрлена е бомба на куќата на Веселин Јевросимовиќ, претседател на компанијата „Комтрејд Груп“ и сопственик на македонската телевизија Алфа, пренесува српскиот весник Блиц

Експлозијата се случила во 4 часот наутро и ја оштетила фасадата и прозорците на куќата, но за среќа никој не е повреден. Во моментот на експлозијата, во куќата биле сопругата и детето на бизнисменот.

Во куќата во тоа време беше мојата дванаесетгодишна ќерка, но за среќа, никој не е повреден. Никој никогаш не ми се заканувал и не знам што би можело да биде мотив за нападот. Ние не сме компанија која се занимава со криминал, ниту имаме било каква врска со криминалот. Ова, според мене, е удар врз слободните медиуми, но тоа нема да ме обесхрабри – изјавил Јевросимовиќ.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он