Фрлен „Молотов коктел“ пред седиштето на ПАСОК во Атина

Од:

Непознати лица, рано изутринта, фрлиле рачно направени бомби, т.н. „Молотов коктел“ пред седиштето на грчката социјалистичка партија ПАСОК во Атина, коалицискиот партнер во Владата на Андонис Самарас, јави грчката агенција АНА-МПА.

Бомби се фрлени и кон полициска единица на силите за борба против безредија, кои биле пред партиската централа.

Нема повредени, ниту материјална штета.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит