Фридрих: ЕК треба да ја интензивира борбата со илегалната имиграција од Бугарија и од Романија

Од:

Европската комисија треба да ги засили напорите во борбата со илегалната имиграција, пред се од Бугарија и од Романија, изјави германскиот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих во интервју за германскиот весник „Велт“.

Тој посочи дека злоупотребата на слободата за движење во Европската унија создава големи проблеми во германските градови и општини.

– ЕК треба сериозно да се однесува кон нашата загриженост. Треба да имаме можност, ако едно лице го злоупотребило правото на слобода на движење, да може да му се забрани повторно да влезе во земјата, посочи Фридрих.

Тој нагласи дека слободата на движење не го дава правото да се добива социјална помош со измама.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп