Франкојанис и Онал во Атина разговараа за позитивната агенда меѓу Грција и Турција

Од:

Напредокот во конкретни теми од т.н. позитивна агенда меѓу Грција и Турција, трговските и бизнис односите, перспективите за соработка во транспортот и телекомуникациите, како и зајакнување на соработката во справувањето со предизвиците поврзани со животната средина, биле дел од темите кои ги разгледале заменик- шефовите на грчката и турската дипломатија, Костас Франкојанис и Седат Онал, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за надворешни работи на Грција соопштија дека денешната работна средба на Франкојанис и Онал во Атина е „во рамките на иницијативата за позитивната агенда во дијалогот со Турција во економскиот и трговскиот сектор“.

-Двете страни изразија задоволство за напредокот постигнат во конкретни прашања, особено во почетокот на преговорите за потпишување Меморандум за соработка меѓу „Enterprise Greece“ и соодветната турска организација „Invest in Turkey“, во взаемното признавање на сертификатите за вакцинација против Ковид-19, за напредокот на Мешовитиот комитет за туризам, како и за повторното активирање на Мешовитиот економски комитет, соопштија од грчкото МНР.

Ова е трета средба на Франкојанис и Онал во рамките на иницијативата за позитивната агенда, договорена меѓу министрите за надворешни работи на Грција и Турција, Никос Дендиас и Мевлут Чавушоглу, во април 2021 година.

Неповрзано со денешната средба, утре, во Атина ќе се држи новиот, 64-ти круг од прелиминарните контакти меѓу Грција и Турција.

Прелиминарните контакти беа активирани лани по пауза од речиси пет години, а изминатата година се одржаа три круга, два во Турција и еден во Грција, а последниот беше на 6 октомври во Анкара.

Станува збор за неформални контакти, а не за преговори, нема обврзувања меѓу двете страни, нема договорен записник, не присуствува трета страна и нема информирање за содржината на разговорите, додека пак целта е доколку има поклопување на ставовите во иднина евентуално да се одржат преговори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот