Осум деца кој вчераа заминаа на училиште и не се вратија. Седум девојчиња , едно момче и чуварот во училиштето се жртвите на масакрот во Белград.
Нивниот школски другар Коста Кецмановиќ, 13 годишен седмоодделенец, застрела осум школски другари, како и чувар кој работел како обезбедување во училиштето. Покрај убиените, ранети се уште шест ученици и наставничка. Две деца се во критична состојба.
Убиени се А.Б., Б.А., С.Н., нивните тела се пронајдени во училишниот ходник, заедно со телото на Драган Влаховиќ, вработен како обезбедување во училиштето.
Во училницата на приземјето, одделение 7/2, каде учел и осомничениот, се убиени А.Д., К.М., М.А., Е.К и А.Ч.
Сите убиени деца се родени во периодот од 2009 до 2011 година.
Жртвите се седум девојчиња и едно момче, меѓу кои и еден француски државјанин, потврди Министерството за надворешни работи на Србија.