ФОТО: Се судрија демонстрантите и полицијата во Солун

Од:

Околу 15.000 лица протестираа по улиците на Солун против новите мерки за штедење, барани од Грција од страна на ЕУ и ММФ. Беше запалено и знамето на Европската унија.

Според  странските извесувачи дошло до судири меѓу демонстрантите  и полицијата во близина на солунскиот универзитет, во центарот на Солун.

Демонстрантите почнаа да фрлаат кон полицијата со најразлични предмети.

За да се одбрани,  полицијата  возврати со солзавец и флеш гранати.

Протестите, по традиција, секоја година се организираат во Солун по повод отворањето на меѓународниот саем.

Минатата година во ваквите демонстрации, организирани во исто време, учествуваа рекордни 25.000 лица.

Годинава демонстрантите се поделија на четири групи.

Првата на големите синдикати, втората на радикалната левица Сириза, третата на синдикалниот комунистички фронт и четвртата на независните синдикати и на крајната десница.

Демонстрациите во Солун беа обезбедувани од 3.500 полицајци.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната