И покрај забраната во соседна Србија да се одржи Парада на гордоста и сите други активности поврзани со неа, сепак вчера, во18 часот беше отворена контроверзната изложба под наслов „Ecce Homo“ од шведскиот автор Елизабет Олсон Валин.
Сликите за оваа изложба ги обезбедуваа 2.000 полициски службеници.
Изложбата беше отворена од директорката на Центарот за културна деконтаминација, Борка Павиќевиќ.
Членовите на ЛГБТ групата ја организираа оваа изложба во рамките на „Недела на гордоста“, со цел да го свртат вниманието на јавноста кон нивните загрозени права.
Посетителите можеа да видат вкупно 12 слики од „модерната верзија“ на Исус, на кои тој е насликан во женска облека, во друштво на ХИВ позитивни луѓе, трансексуалци и хомосексуалци.