По повод Денот на државноста на Србија, Манекен Пис, малата статуа на дете што мочка, што е симболот на градот Брисел, денеска ќе биде облечен во српска народна носија: опинци, елек и шајкача.
Брознената статуа од почетокот на 18. век е изградена во чест на детето од средновековната легенда кое го спасило Брисел така што со урината изгаснало фитил со барут и со тоа ги спречило освојувачите да ги кренат во воздух градските ѕидини.
Манекен Пис е една од главните туристички атракции на главниот град на Белгија.
Шеесет сантиметри високиот Манекен, што на локалниот дијалект значи малиот човек, повремено го облекуваат во различни костими, за што се грижи посебна градска служба, а денешниот Ден на државноста на Србија по трет пат во Брисел се одбележува на ваков начин.