Како циклонот „Тамара“ го доби своето име?

Од:

Циклонот „Тамара“ претходните неколку дена беснееше над Србија, предизвикувајќи обилни врнежи и поплави. Меѓутоа шпекулациите за тоа како го добил името не престануваат.

На порталот „Исповед“, се појави едно интересно објаснување дека циклонот „Тамара“ името го добил по поранешна девојка на еден метеоролог. Како што се наведува врската помеѓу нив, била пред прекин, а кавгата кулминирала, кога тој пристигнал на работното место.

-Кога заминав на работа, воочивме голем циклон кој се приближува на нашиот полуостров и цел ден ја следевме состојбата. Во меѓувреме дознав дека девојка ми, ме измамила. Кога започна невремето во мојата држава, омразата кон девојката се зголемуваше. Бараа од нас да го именуваме циклонот, секако јас веднаш знаев кое име ќе го ставам- стои на сајтот и се додава дека тоа била најдобра освета.

spasuvaciSrbTam

Како што велат во Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија, циклоните како овој добиваат различни имиња, за полесно распознавање.

-Германија дури воведе и систем секој циклон или антициклон да имаат свое име, а за одредена сума на пари може да ги наречат, како што сакате. Кај нас тоа не е можно, ние сме мало подрачје. Секако, ние не го дадовме името „Тамара“-велат од Хидрометеоролошкиот завод и додаваат дека за името најверојатно е одговорна некоја европска или приватна метеоролошка станица.

Но, метеоролошкиот сајт „СрбијаМетео“ го тврди спротивното, дека токму тие го именувале овој циклон.

-Листата на имиња на циклони ја составивме во договор на почетокот на годината, така што ќе бидат подредени по азбучен ред и тоа најизменично машки и женски имиња. Така од почетокот на годината имавме 20 циклони и стигнавме до буквата „т„ и до „Тамара“-стои на нивниот сајт.

Именувањето на циклони, антициклони и други поголеми непогоди, прва го воведе Америка во 1945 година.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда