ФОТО: Ja прегази мајката на позната манекенка, a таа пак за влакно се спаси

Од:

Познатиот босански актер Емир Хаџихафизбеговиќ во сообраќајната несреќа која во неделата навечер се случи на автопатот А3 кај местото Брочице ја усмрти 63-годишната Аница Кудуз. Со неа во тој момент била нејзината 26-годишна ќерка, познатата манекенка Лана Кудуз, заштитното лице на минатогодишниот хрватски Dreft Fashion Week. Лана прими сочуство од бројни свои пријатели и на својот Фејсбук профил објави „Му се молам на Бога да ми даде сила“.

Против Емир Хаџихафизбеговиќ полицијата поднесе кривична пријава за предизвикување сообраќајна несреќа во која смртно настрада едно лице, а две лица беа повредени. Со вештачење е утврдено дека актерот возел со преголема брзина, односно не се прилагодил кон условите на патот.

Прекршочна пријава е поднесена и протви возач на автомобил кој на лентата за претекнување менувал гума, како и против уште еден возач кој возел пребрзо.

Полицијата трага и против уште едно лице што ја урнало светлосната сигнализација на патот.

Роднина на загинатата Аница Кудуз раскажа дека двете жени, таа и ќерката Лана стоеле на патот кога на нив налетал автомобилот на Емир, и во последен момент Лана ја скокнала оградата и така се спасила, додека мајка и останала вкочанета и тој ја прегазил.

Аница Кудуз таа недела не планирала да оди со автомобил, но еден подалечен роднина се понудил да ги превезе заедно со Лана. Негодувала, но сепак ја прифатила понудата и се случи најлошото.

524425lana-kuduz-foto-facebook-lana-kuduzff

Погребот на Аница Кудуз беше вчера на гробиштата во Серна, каде и таа сама, нешто помалку од 48 часа пред несреќата испратила близок роднина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: СИПА се обиде да го приведе Додик во источно Сараево, се спротивстави полицијата на Српска

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Црна Гора: „Добро се тресеше“

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик