ФОТО: Циклонот „Перислав“ ја погоди Далмација

Од:

Циклонот „Перислав“, проследен со силен јужен ветер и обилни врнежи, синоќа ја погоди Далмација пособно Сплит и Задар, прекинувајќи голем број бродски линии кон островите.

Задар и околината синоќа беше зафатен од невреме проследено со силен јужен ветер, кој на повеќе места во градот искорна  дрвја што ги блокираа улиците и патиштата.

Поројни дождови синоќа го зафатија Сплит, што го блокира сообраќајот во градот. Полицијата ги повика граѓаните да не излегуваат со своите автомобили.

[nggallery id=92]

Силното невреме траеше неколку часа, а во некои делови на градот превентивно беше исклучена електричната енергија.

На островот Вис ветерот достигна брзина од 120 километри на час, додека на Биоково ветрот дуваше со брзина од 144 километри на час.

Невремето предизвика голем број проблеми и во Истра и Кварнер каде, исто така, беа откажани некои бродски линии.

Бурата што беснееше вчеравечер исфрли еден делфин на плажата во Шибеник

Трупот на делфинот долг три метри и десет сантиметри го пронајдоа утринава работници во хотелската населба Соларис. Се претпоставува, дека бурата најпрво го однела во плиткиот дел од морето, а подоцна го исфрлила на плажата каде што и угинал.

Би можело да ве интересира

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Силниот ветар однесе и дел од покривот на штипското училиште „Коле Нехтенин“

Предраг Петровиќ

Ветерот во Штип откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ