Фотис Кувелис веројатно е следниот претседател на Грција

Од:

Лидерот на малата грчка партија Демократска левица Фотис Кувелис може да биде следниот претседател на Грција.

– Фотис Кувелис е политичар, кој заврши еден циклус во партијата ДИМАР, но може да биде „претседател на нова левоцентристичка формација или како претседател на Грција, изјави пратеник од партијата Јанис Панусис, пренесува БТА.

Како лидер на партијата ДИМАР, која ја напушти владејачката коалиција во Грција пред една година, Фотис Кувелис сега поднесе оставка, откако неговата партија освои само 1,2 проценти од гласовите на изборите за Европарламентот.

ДИМАР има 14 места во 300-члениот Парламент на Грција. Невовата одлука минатата година да ја напушти владејачката коалиција, која ја ослабе Владата, беше критикувана од неговите сопартијци.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит