Флорос: Секој што ќе стапне на грчка територија, прво ќе го запалиме, а потоа ќе одиме да видиме кој е

Од:

Секој што ќе се осмели да стапне на грчка територија, прво ќе го запалиме, а потоа ќе прашаме кој е, рекол началникот на Генералштабот на грчката Армија, Константинос Флорос на брифингот со новинарите во Грција, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Флорос рекол дека секој оној што ќе се замери со Грција, ќе има голема цена.

„Имаме капацитет да реагираме во рок од пет минути , штом постои наредба. Секој што ќе стапне на грчка територија, прво ќе го запалиме, а потоа ќе одиме да видиме кој е, рекол Флорос на грчката државна телевизија „ЕРТ“.

Паралелно не ја исклучил можноста за воено дејство, во случај Турција да се обиде да ги премине црвените линии.

„Воената активност е една од можностите. Никој не може да ја исклучи. Ако се случи такво нешто, нема да се ограничи на едно место, веднаш ќе се прошири. Не може да се случи нешто на Кастелоризо, а да не се прошири насекаде, рекол началникот на Генералштабот на грчката армија на средбата со новинарите“, пренесе телевизијата.

Флорос, според АНА-МПА, додал дека иако Грција е член на алијанси и организација, во случај да дојде до воен конфликт, тогаш земјата ќе биде сама и истакнал дека нема да чекаат други да ги извадат од тешката позиција.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент