Фишер ја повтори поддршката за Албанија за добивање кандидатски статус

Од:

Австрискиот претседател Ханјс Фишер ја повтори поддршката на неговата земја за Албанија за давање кандидатски статус во ЕУ, јави дописникот на МИА од Тирана.

Фишер на средба со спикерот на албанскиот парламент Илир Мета нагласил дека Албанија може да се потпре на Австрија како на европски план, така и во поглед на економската соработка.

Двајцата соговорници се заложиле за продлабочување на меѓупарламентарната соработка помеѓу групите на пријателство и парламентарните комисии.

– Задржувајќи се на состојбата во регионот Мета посебно го нагласил фактот дека Албанија ќе продолжи да ја зајакнува нејзината стабилизирачка улога со верување дека на балканските земји имаат иста дестинација а тоа е ЕУ. Во тие рамки тој посебно го поздравил придонесот на Австрија за земјите од регионот на Балканот и за нејизната позитивна улоха во косово, стои во соопштението од кабинетот на Мета.

Шефот на австриската држава попладнево се сретна и со премиерот Еди Рама, кој рекол дека Албанија ги исполнила сите предвидени критериуми и оти заслужува да биде дел од ЕУ, како и со лидерот на опозициските демократи и градоначалник на Тирана Љуљзим Баша.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја