Никос Анастасијадис е сигурен победник на претседателските избори на Кипар во февруари 2013 година, покажуваат резултатите од новото истражување на јавното мислење, објави кипарскиот весник „Филелефтерос“.
Според анкетата, лидерот на Демократскиот собир (ДИСИ) Анастасијадис има 37,1 отсто во првиот круг од изборите. По него се Ставрос Малас од левата партија АКЕЛ со 23,1 отсто и Јоргос Лиликас од социјалдемократската ЕДЕК со 20,4 отсто. Четвртиот претседателски кандидат – Праксула Андониаду, од движењето „Обединети демократи“ (ЕДИ), собира 2,9 отсто од гласовите.
Ако во вториот круг излезе пред Малас, Анастасијадис ќе добие 43,7 отсто, а неговиот соперник ќе биде Лиликас – 39,6 отсто.
Анкетата покажува дека рејтингот на лидерот на ДИСИ достигнал 46 отсто.