Филе и посака на Србија успех на патот кон ЕУ

Од:

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, во рамки на својата дводневна посета на Белград, ја посети Канцеларијата за евроинтеграции на српската Влада.

Тој и посака успех на Србија, која влегува во нова одлучувачка фаза во односите со ЕУ, откако Европскиот совет на 28 јуни одлучи да отвори преговори за пристапување со Србија. Филе особено изрази желба да дојде во Кацеларијата за, како што рече, на сите вработени лично да им честита за работата што досега ја сработиле.

– Вашата Канцеларија секогаш била во првите редови во текот на сите клучни предизвици кои Србија ги имала и ги има на патот кон Европа. Во периодот на чести избори и многу промени на Владата, Канцеларијата претставуваше компас за целата српска администрација и смирено продолжуваше да работи без оглед на околностите, кога времињата беа добри, но и кога беа тешки, рече Филе.

Филе особено се осврна на фактот дека Спогодбата за стабилизација и асоцијација конечно ќе стапи во сила во септември, што е едно големо достигнување за Србија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград