„Нова влада што побрзо“, порача во ексклузивното интервју за „Новости“, Еврокомесарот за проширување, Штефан Фуле, пред доаѓањето на утрешната инаугурација на новиот српски претседател Томислав Николкиќ.
Брисел сака добрите односи помеѓу ЕУ и Србија да продолжат и со нетрпение го очекува формирањето на нова влада, додаде тој.
Фуле ги охрабри политичките партии во Србија да побрзаат со формирањето на новата влада, бидејќи потребните реформи за добивање на датум за почеток на претпристапните преговорите за членство во ЕУ, не можат да чекаат.
„Очекуваме од новиот претседател и новата влада да продолжат да работат на реформите кои се однесуваат на ЕУ.
– Исто така очекуваме од сите српски, политички лидери да мислат и дејствуваат одговорно, со што би придонеле позитивно за мирот во регионот“, изјави Фуле.