Граѓаните на Заграб, првенствено младите, кои одбиваат да плаќаат билети за Загребскиот електричен трамвај (ЗЕТ), во знак на протест поради зголемувањето на цената за 40 отсто, покренаа иницијатива на Фејсбук „Фатете ги ЗЕТ-овите“ односно лоцирање на контролорите во трамваите.
Фејсбук групата, која има над 10.000 членови функционира така што членовите, кога ќе наидат на контрола преку мобилен телефон да објават на која линија и во која насока се движи контолорот.
Бројот на членови расте, а зад групата стојат анонимни администратори кои работаат на апликација за паметните телефони, за корисниците за кратко време да бидат известени каде се наоѓаат контролорите.
Екипата која стои зад оваа Фејсбук иницијатива не може да биде пријавена во полиција, бидејќи не крши ниту еден закон.
И ЗЕТ и известена за Фејсбук иницијативата, но се уште не соопштува дали ќе го зголеми бројот на контролори на своите линии.