Грчката неофашистичка партија „Златна зора“ ја осуди одлуката на „Фејсбук“ да блокира профили на неколку нејзини членови, нарекувајќи го потегот „цензура и немилосрден напад против националистичките корисници“.
„Фејсбук“ наводно ги блокирал профилите откако корисниците ги прекршиле правилата за насилство и расизам. Избришани се профилите на членови на „Златна зора“ и на други лица кои постирале нацистички симболи. Партијата, која има 18 места во Парламентот, поднела жалба го грчката единица за електронски криминал.
Во меѓувреме, грчката федерација на наставниците во основните училишта (ДОЕ), го осуди обидот на членови на „Златна зора“ да се вмешаат во прославувањето на 28 октомври, датум на кој Грците го прославуваат отфрлањето на италијанскиот ултиматум во 1940, во градинка и основно училиште на јонскиот остров Лефкада.
Неколку деца од албанско потекло, наводно нацртале албанското знаме за време на час по мултикултура. Цртежите биле прикажани за време на прославата на 28 октомври.
Овој потег налутил неколку грчки родители, кои ги информирале претставниците на „Златна зора“ на островот кои го обвиниле наставникот дека не е патриот.
ДОЕ издаде соопштение во кое го брани наставникот, истакнувајќи дека „во грчките училишта нема простор за самонаречените чувари на се што е свето во земјата“.