Фарина: Подобрена безбедносната ситуација во Косово

Од:

Командантот на КФОР, италијанскиот генерал Салваторе Фарина, денеска оцени дека дошло до подобрување на општата безбедносна ситуација во Косово.

Како што пренесува Танјуг, Фарина, во командата на КФОР во Приштина, првпат се сретна со градоначалниците на четирите општини од северот на Косово со српско мнозинство, со кои разговарал за општата состојба во Косово, со посебен акцент на ситуацијата на северот.

Градоначалниците нагласиле дека заедничката соработка и транспарентност во односите меѓу четирите општини и КФОР се од голема важност, соопшти КФОР.

Зборувајќи за моменталната безбедносна ситуацијата на северот од Косово, Фарина ја нагласи важноста на улогата на косовската полиција, како прва линија на реакција и на Еулекс како втора линија на реакција.

– КФОР ќе продолжи да му нуди сигурно опкружување на северот на Косово, како и ширум другите делови на Косово и ќе биде подготвен да интервенира, како трета линија на реакција, доколку за тоа има потреба, изјави Фарина.

Тој истакна дека подобрувањето на општата безбедносна ситуација во Косово се случи по постигнувањето на Бриселскиот договор меѓу Белград и Приштина.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска