„Фајненшал тајмс“ за постоењето таен план за излез на Грција од еврозоната

Од:

Британскиот весник Фајнешал тајмс продолжува со објавување тајни извештаи за задкулисни драматични случувања поврзани со грчката криза.

Според наводите на весникот, од почетокот на 2012 година група експерти на ЕУ, ЕЦБ и ММФ, изразботиле во целосна тајност „план З“, кој се базирал на сценарио за пропаѓање на грчките банки и излез на државата од еврозоната.

Во првата истрага на весникот се опишани намерите на поранешниот премиер Јоргос Папандреу да побара референдум за излегување на Грција од еврозоната и како таа иницијатива била спречена од неговиот близок пријател Евангелос Венизелос.

Во Централната банка на Грција каде шеф бил Јоргос Провопулос била формирана експертска група за брза реакција при вонредни ситуации. На 15 дена пред парламентарните избори информациите за повлекување депозити од грчките банки биле шокирачки. Шефот на Банката и негови соработници увиделе дека за само еден ден од банкарски сметки биле повлечени три милијарди евра – речиси 1,5 отсто од БДП на државата. Со такво темпо банките ќе пропаднеле за само два дена, наведува Фајнешал тајмс.

Во исто време во ЕЦБ од јануари 2012 била формирана „ударна група“ по наредба на шефот Марио Драги. Работата на групата била тајна бидејќи Драги сметал дека објавување каква било информација голема би била паниката на берзите е т.н. домино-ефект во еврозоната.

Групата разработила план наречен „план З“ со кој е предвидено да се преземат сите неопходни мерки ако Грција излезе од Еврозоната. Претставници на ММФ исто така изработиле свој план доколку банкротираат во други држави како Аргентина и Ирак.

Според весникот, експертите сега велат дека тоа била работна верзија на план за кој не би имале најверојатно поддршка од европските лидери. По нивни анализи „сценариото Grexit“ (за излегување на Грција од еврозоната) би значел апсолутен хаос на европски финансиски пазари и ќе предизвикал уништување на други слаби економии од еврозоната – најмногу Португалија, Шпанија и Италија.

Од друга страна раководителите на ЕУ и државите-членки верувале дека треба да биде оценет ризикот од евентуален излез на Грција од еврозоната, и тоа не го сметале за невозможно.

Британскиот весник тврди дека претставници на германската Влада и советници на канцеларот Ангела Меркел биле поделени во два табора – за поддршка и против сценарио за излез на Грција од еврозоната.

Меркел била дури и вознемирена за Самарас кој предизборно побарал да биде преразгледан планот за спас на Грција.

Во крајна сметка, претседтаелот на ЕК Жозе Барозо одлучил да преземе иницијатива и се сретнал со Самарас. На средбата тој го убедил грчкиот премиер дека програмата за спас на државата ќе биде само една година со перспектива за варијанти за понатамошно финансирање. Поради тоа била и посетата на германскиот министер за финансии Шојбле на Атина кој серизоно се залагал за сценарио за излез на Грција од еврозоната. Во ноември 2012 година Еврогрупата објави свое решение за намалување на грчкиот долг при услови Грција да достигне првичен буџетски суфицит. Тоа на Грција и се случи лани.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица