Лидерите на Европската унија го поздравија напредокот, кој Грција го постигнала во процесот на спроведување на реформите и мерките за штедење, преземени во рамки на борбата против должничката криза.
– Ја поздравуваме одлучноста на грчката Влада за исполнување на преземените заложби и го поздравуваме грчкиот народ за забележителните напори, истакнаа лидери на ЕУ.
Тие истовремено предупредија дека Атина и натаму да се придржува кон патот на реформите за да ја „обезбеди својата иднина во еврозоната“.