Европскиот суд за правдата донесе две пресуди против Грција за непочитување на минималните услови во притвор.
Судот и нареди на грчката држава да му плати компензација на 75-годишен Полјак поради бруталност од страна на чуварите во затворот Коридалос во близина на Пиреа, пренесува допсиникот на МИА од Атина.
Другата пресуда е во полза на група од 14 мажи кои служеле одвоени затворски казни во Јанина, каде не им била дадена неопходна медицинска нега и биле држени во несанитарни услови.