Европскиот обудсман ја истражува истрагата за корупција во Еулекс

Од:

Европскиот омбудсман Емили О’Рејли почна своја истрага за тоа дали Еулекс и ЕЕАС ги преземале сите потребни мерки за да се истражат сомнежите за корупција и други неправилности во мисијата на ЕУ на Косово.

Во документот од 14 ноември, кој денеска е објавен во весникот Коха Диторе, О’Рејли ги информирала во ЕЕАС дека одлучила да ја реализира својата истрага по сомнежите на обвинителката на Еулекс, Марија Бамие во врска со корупцијата и земањето поткуп од страна на официјални претставници од Еулекс.

Европскиот омбудсман наведува дека била известена за тоа дека ЕЕАС и Еулекс почнале заедничка истрага од 2013 година. Таа објаснува дека цел на истрагата не е да истржува објавувања на обвинителката Бамие, туку да провери дали ЕЕАС и Еулекс ги презеле сите потребни мерки да ги испитаат сите тие сомневања, објави весникот Коха Диторе.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски