Претседателот на Работната група за Еврогрупата Томас Визер и претставникот на Европската комисија Деклан Кастело престојуваат во Атина како претставници на тројката меѓународни кредитори, каде ќе имаат консултации со Министерството за финансии за изготвување став на Грција пред вонредната седница на Еврогрупата на 11 февруари.
Европските претставници се воздржаа од коментар за време на посетата.
Премиерот Алексис Ципрас пред Парламентот вчера изјави дека Грција нема да продолжува со спасувачката програма, чиј рок истекува на 28 февруари и ќе настојува да постигне спогодба за преоден период од неколку месеци.
Раководителот на Еврогрупата, Јерун Дајселблум изјави дека Европа нема да прифати таква согодба.