Еврокомесарот Аврамопулос можен кандидат за претседател на Грција

Од:

Грчкиот еврокомесар Димитрис Аврамопулос се споменува како евентуален кандидат за нов претседател на Грција, тврди европското електронско издание на „Јурополитикс“.

Во текстот се наведува дека „се слушаат гласини за повлекување на Аврамопулос од функцијата еврокомесар“, бидејќи неговото име било споменувано како кандидат за местото шеф на државата. Пред извесно време, Аврамопулос јавно ги демантираше ваквите сценарија.

Се очекува Аврамопулос да се повлече од Европската комисија следниот месец, кога грчкиот Парламент ќе треба да започне процедура за избор на нов претседател, наведува „Јурополитикс“.

Кон крајот на минатата година грчкиот Парламент не успеа да избере нов претседател, што беше причина за одржување на предвремени парламентарни избори во земјата.

Димитрис Аврамопулос, инаку член на Нова демократија, беше меѓу првите кои телефонски му ја честитале победата на изборите на Алексис Ципрас и неговата партија СИРИЗА.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит