Еврокомесарот Аврамопулос ја демантира неговата кандидатура за претседател на Грција

Од:

Еврокомесарот Димитрис Аврамопулос ги отфрли како невистинити гласините за истакнување на неговата кандидатура за претседателската функција во Грција од страна на левичарската партија СИРИЗА, пишува весникот „Етнос“.

– Јас сум од партијата Нова демократија и тие гласини се неосновани, изјави Аврамопулос.

Тој појасни дека го информирал премиерот Андонис Самарас за сите прашања, за кои е надлежен како еврокомесар и специјално за миграцијата и внатрешните работи на ЕУ.

– Во Грција сум во улога на комесар, но секогаш и иако сум функционер на партијата Нова демократија и не ми е дозволено да се мешам во внатрешно политичките работи, истакна грчкиот еврокомесар.

Грчкиот Парламент кон крајот на минатата година не успеа да избере нов претседател, што доведе до распишување предвремени избори.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит