Еврогрупа: Нема напредок во преговорите со Грција

Од:

Министрите за финансии на 19-те земји членки на еврозоната кои во саботата попладне се собраа на вонреден состанок посветен на новите грчки предлози за надминување на големата должничка криза на оваа земја, по речиси пет часа дискусии не се приближиле кон договор кој би отворил пат кон преговорите за новиот пакет за меѓународна финансиска помош на Атина.

Агенциите пренесуваат дека дипломатски извори рекле дека министрите земале пауза и дека го подготвуваат пишаниот одговор на грчките предлог реформи. Се дознаа дека од Грција се бара дополнително да ги подобри своите предлози, доколку сака започнување на преговори за новиот трет пакет финансиска помош, откако третиот заврши на 30-ти јуни без да биде целосно исполнет,поради безуспешните петмесечни преговори на левичарската влада на премиерот Алексис Ципрас и меѓународните доверители и еврозоната.

Како што објави претходно во саботата германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung, дека во неделното издание ќе го објави интерниот документ на германското министерство за финансии во кој се разгледува можноста за привремено, на пет години, излегување на Грција од еврозоната, доколку не ги подобри своите предлог реформи. Меѓутоа, за тоа на саботната средба на Еврогрупата не станало збор.

Еврогрупата се состана на вонредниот состанок за да го оцени предлогот за реформи кои ноќта кон саботата го прифати грчкиот парламент. Претходно Европската комисија, Европската централна банка (ЕЦБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) како грчки доверители ги известија владите на државите членки на еврозоната дека предлозите на Грција во врска со економските реформи, кои се предуслов за продолжување на финансиската помош на земјата претставуваат „основа за преговорите“.

Оваа препорака се сметаше за важен чекор пред состанокот на Еврогрупата, којашто треба да донесе одлука за барањето на Атина да добие помош од ESM. ЕК, ЕЦБ и ММФ имаат сега оцена на грчките предлози врзани со економските реформи, што е предуслов да се добие заем со кој Грција ќе го избегне дефинитивниот банкрот.

Грција побара нова програма за помош од 53,5 милијарди евро во следните три години, а за возврат ветува реформи до средината на 2018 година со кои ќе донесе 13 милијарди евра заштеда, со комбинација на зголемување на даноците и намалување на социјалните давачки.

Еден од многубројните предлози понудени до Еврогрупата е укинувањето на повластената даночна стапка на данокот за додадена вредност (ДДВ) за бродосопствениците. Новиот предлог, исто така, го вклучува и ветувањето на владата во Атина да ги одреди роковите до кои ќе се спроведе тендерска постапка за приватизацијата на двете главни грчки пристаништа Пиреа и Солун, најдоцна до октомври годинава. Покрај тоа, се нуди и забрзување на подготовките за приватизација на регионалните аеродроми, железничката компанија „TrainOSE“, како и територијата на поранешниот атински аеродром „Елиникон“.

Како главен проблем во разговорите со партнерите во еврозоната се споменува прашањето на довербата, којашто владата на радикалната левица Сириза ја загуби изминатите пет месеци. Имено, оваа грчка влада предложи безмалку иста програма како што ја отфрли и водеше кампања грчките гласачи да ја отфрлат на референдумот од 5-ти јули.

Во неделата треба да се одржи самит, прво на челниците на еврозоната а потоа и на сите 28 членки на Европската унија, посветен на Грција.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Грција: Се удави маж од Србија, телото пренесено во Солун на обдукција

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Сиљановска вели дека се однесуваат одговорно кон Договорот од Преспа, се сомнева дали истото важи и за Грција

Туристите и граѓаните на Грција добија предупредување за лошо време на северот од земјата

Грција гори, жителите спас бараат во морето

Предраг Петровиќ

Во Грција исчезна петгодишното момче Игор од Србија

Горан Наумовски

Голем шумски пожар во близина на Атина: Пожар зафати куќи, бројни пожарникари и 17 авиони учествуваат во гаснењето