„Евроазија груп“: Кипарските преговори во следните месеци можат да излезат од шините

Од:

Преговорите за повторното обединување на поделениот остров Кипар во следните неколку месеци можат да излезат од шините, бидејќи ќе загубат на својата динамика, прогнозира трустот „Евроазија груп“ од Лондон, чија оценка е цитирана од грчкиот весник „Катимерини“.

Се намалуваат економските перспективи на Кипар, бидејќи засега изгледа далечна можноста за повторно обединување на островот, смета „Евроазија груп“.

Серијата неодамнешни настани сведочат за фактот дека е невозможно политичкото решение на проблемот, сметаат аналитичарите од оваа група, истакнувајќи дека шансите за постигнување спогодба за Кипар во текот на оваа година изнесуваат 35 отсто.

По 2017 година овие шанси за спогодба уште повеќе ќе се намалат, особено доколку претседателот на Република Кипар, Никос Анастасиадис, ја засили својата националистичка реторика со цел да си осигура реизбор во март 2018 година или доколку не биде реизбран, посочува „Евроазија груп“.

Аналитичарите на оваа група говорат за три фактора кои условите за постигнување спогодба за островот ги прават проблематични. Првиот бил поврзан со тврдата позиција на Турција за клучните прашања на безбедноста и за другите теми од економска природа. Вториот се однесува на разединувањето кое се повеќе нараснува меѓу кипарската јавност и во Турската Република Северен Кипар, која е призната само од Турција. Третиот фактор, пак, бил поврзан со процесите на геополитичката сцена, кои не се сосема надежни.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ