Евентуален излез на Грција од еврозоната би ја чинел Германија загуби од 150.000 работни места

Од:

Германија би можела да загуби до 150 илјади работни места при евентуално излегување на Грција од еврозоната, смета претставник на Меѓународната организација за труд.

– Во момент кога дебатата за евентуално излегување на Грција од еврозоната е во тек, има голем број аналитичарите кои предупредуваат за ризици од можен Grexit, наведува Екехард Ернст, експерт за прашања на пазарот на труд.

Таков потег би довел до раст на невработеноста од 0,2 до 0,3 отсто. Според него, излегување на Грција од еврозоната би предизвикало несигурност и во Германија, би им отежнало на германските компании да добијат пари кои би ги искористиле за нови инвестиции.

– И Италија и Франција исто така би можеле да настрадаат од евентуален Grexit, додава германскиот економист. 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит