Евакуиран кипарскиот Парламент поради закана за поставена бомба

Од:

Зградата на Парламентот на Кипар денеска беше евакуирана по добиена телефонска закана дека во него е поставена бомба, јави ИТАР-ТАСС.

Непознати лица во 16.15 часот по локално време прво се јавиле во еден од локалните весници, а потоа и во канцеларијата на претседателот на Парламентот, тврдејќи дека во зградата има бомба.

Телефонските закани биле упатени за време на пленарната седница на која се разгледуваше предлог-законот за стабилизациската програма, што кипарската Влада ја усгласи со меѓународните кредитори.

Веднаш по дојавата за подметната бомба, сите присутни во Парламентот се евакуирана.

Во моментов деминери ги прегледуваат просториите на Парламентот.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ