ЕУ загрижена од претстојните парлментарни избори во Грција и бара придржување кон реформите

Од:

Европската унија е сериозно загрижена од неуспехот на грчкиот парламент и по третпат да избере претседател, што значеше денешно автоматско закажување на вонредни парламентарни избори за 25-ти идниот месец во Грција. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, еврокомесарот за економски и ифнансиски прашања, данок и царина, Пјер Московиси, ги повика Грците на претстојните избори за нов состав на парламентот да гласаат за оние што ќе ги поддржуваат реформите во земјата.

– По денешното трето гласање за нов претседател на Грција, грчката влада има најави општи избори за 25-ти јануари 2015 година. Преку овој демократски процес, грчкиот народ повторно ќе одлучи за својата иднина. Потребна е силна заложба за Европа и широка поддршка меѓу грчките гласачите и политичките лидери за потребниот економски раст, што процес кој е пријателски кон реформите во земјата и е потребен, односно од суштинско значење за Грција повторно да се изгради во рамки на Еврозоната – истакна еврокомесарот Московиси.

Како што е познато, Еврокомисијата овој месец за првпат од своето постоење се одлучи да фаворизира кандидат на избори во некоја од своите земји-членки, поддржувајќи ја кандидатурата на екс-еврокомесарот Ставрос Димас за избор на претседател.

За неформалната Влада на Европската унија, Димас, како кандидат на владејачката коалиција Неа Демократија-ПАСОК беше единствен избор со цел да се избегнат вонредните парламентарни избори и можноста опозициската СИРИЗА да дојде на власт.

Причината е што СИРИЗА и нејзиниот лидер Алексис Ципрас се залагаат за укинување ан мерките за штедење во Грција и нов договор со т.н. Тројка (Европска комисија, Европска Централна банка и Меѓународен монетарен фонд) во однос на финансиската помош и потребните економски реформи во земјата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен