ЕУ: Во 2014-та Грција ќе излезе од рецесија

Од:

Погодена веќе со години од големиот долг, штедење и бурни протести против строгата економска политика, Грција конечно во 2014-та година ќе излезе од седумгодишната рецесија.

Европската Унија во есенската прогноза предвидува дека Атина во 2014-та година ќе оствари економски раст од 0.6%.

„Точниот пресврт во рецесијата се очекува во втората половина на 2013-та, па во 2014-та се очекува да биде остварен скромен раст од 0.6%“, се наведува во прогнозата од 200 страници.

ЕУ е поголем оптимист дури и од грчката влада, која минатата недела соопшти дека очекува раст од 0.2 отсто во 2014-та, 2.5% во 2015-та и 3.5% во 2016-та година.

Унијата, меѓутоа предупреди, дека прогнозата се потпира на враќањето на инвестициите и довербата, кои сепак зависат од ефикасните економски реформи, како и од напредокот на големите инфраструктурни проекти, дел финансирани од еврозоната.

Невработеноста во Грција оваа година достигна 23.6%, што е една од причините за рецесијата во земјата, покрај владините мерки за штедење и неповолната клима за инвестирање, како и падот на грчкиот извоз.

Би можело да ве интересира

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција