ЕУ: Турскиот одговор на тероризмот мора да биде соодветен

Од:

Европската унија денеска ја повика Турција на соодветен начин да одговори на тероризмот за да не се загрози кревкиот мировен процес со курдските бунтовници, пренесува Танјуг.

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан на турскиот министер за евроинтеграции Волкан Бозкир му кажал дека Анкара „има право да спречи и да реагира на секој облик на тероризам“, се наведува во соопштението на Европската комисија.

– Одговорот, меѓутоа, мора да биде сразмерен, насочен и на ниту еден начин да не го загрози демократскиот политички дијалог, истакна  Хан.

Европскиот блок ја признава посветеноста на турските власти во засилувањето на борбата против Исламска држава и ја истакнува силната поддршка на ЕУ кон овие напори, рече уште Хан.

„Истовремено, комесарот ја изрази длабоката загриженост на ЕУ заради неодамнешните случувања што можат да имаат негативно влијание на курдско-турскиот мировен процес“, се наведува во соопштението.

ЕУ од Турција „ очекува да ја исполни својата важна и стратешка улога во регионот, со воздржување од какви било  акции што можат дополнително да го дестабилизаат, наведе Хан.

Турција кон крајот на јуни првпат ги бомбардираше позициите на ИД во Сирија, а турските авиони, исто така, ги гаѓаа позициите на Курдската работничка партија (ПКК) во Ирак.

Најмалку 30 лица беа убиени во нападите на ПКК во изминатите 10 дена во Турција, од кои повеќето беа војници.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски