ЕУ: Сите земји напредуваат освен БиХ

Од:

 На седница на Советот за надворешни работи на Европската унија повторно е изразена загриженост поради немањето напредок на Босна и Херцеговина на патот кон Европската унија.

– БиХ е единствената земја од регионот на Западен Балкан која не напредува на европскиот пат, констатирано е на седницата на Советот, со која претседаваше високата претсатвничка на ЕУ за надворешни  работи и безбедносна политика Кетрин Ештон.

Советот изрази загриженост поради тоа што лидерите на БиХ и по три години не ја имплементирале одлуката на Судот за човекови права во Стразбур во случајот Сејдиќ-Финци, што значи дека БиХ ги крши меѓународните обврски и побара политичките лидери да се договорат за спроведување на пресудата под итна постапка.

Со спроведување на пресудата во случајот Сeјдиќ-Финци овозможува елиминирање на националната дискриминација од изборниот процес.

– Советот е загрижен поради можните последици до кои може да дојде на изборите во 2014 година и уште еднаш апелираме до БиХ тоа да го сфати како приритет за усогласување на Уставот со Европската конвенција за човекови права. Исто така, неопходно е да стапи во сили Договорот за стабилизација и асоцијација, заклучено е на седницата.

Би можело да ве интересира

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он