ЕУ: Косово да ги зајакне граничните контроли

Од:

По повод рекордниот број косовски Албанци, што изминатиот период илегално влегуваат во Шенген зоната, Европската комисија ја повика косовската Влада да ги зајакне граничните контроли и да преземе мерки за запирање на бранот имигранти, јави Танјуг.

– Косовските Албанци се речиси 40 проценти од имигрантите, што влегуваат илегално во ЕУ, што е повеќе од бројот на Сиријци и Авганистанци, изјави портпаролот на ЕК Наташа Берто.

Берто истакна дека Косово треба да организира интензивна информативна кампања, да ја зајакне граничната контрола и да ги проверува компаниите за автобуски превоз, кои вршат транспорт на илегални имигранти.

Според Берто претставниците на ЕК ги ставиле тие барања во рамките на тековните преговори со косовските власти за либерализација на визниот режим.

Во рамките на дијалогот Белград-Приштина во понеделник српскиот премиер Александар Вучиќ и косовскиот колега Иса Мустафа постигнаа договор да работат заедно за решавање на овој проблем, изјави Маја Коцијанчич, портпаролката на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска