ЕУ ја следи ситуацијата во Косово по обвиненијата од Хаг

Од:

Европската унија го следи развојот на ситуацијата во Косово по одлуката на хашкото Специјално обвинителство на Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово да покрене обвиненија против високи личности во Приштина, изјави денеска во Брисел портпаролот на ЕК, Петер Стано.

– Ние никогаш не коментираме судски одлуки за одделни случаи, па ниту овие операции и постапки на Специјалниот обвинител, истакна Стано, додавајќи дека ЕУ дополнително ќе реагира кога ќе добие „важни информации“ за тоа.

Портпаролот на ЕК со тоа одговори на новинарско прашање дали ЕУ смета дека покренувањето обвиненија против косовскиот претседател Хашим Тачи, кој поднесе оставка, и уште неколкумина важни личности во Приштина, може да има влијание врз дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски