ЕУ ја повика Турција да биде конструктивна во решавањето на спорот во источниот дел на Медитеранот

Од:

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел синоќа предупреди дека сите „опции остануваат на маса“ во одбраната на интересите на Европската унија (ЕУ), доколку Турција не биде конструктивна во решавањето на спорот во источниот дел на Средоземното Море.

Грција, членка на ЕУ, и Турција, партнер на Грција во НАТО, во моментов се во спор околу разграничувањето на зоната за експлоатација на гас во источниот дел на Медитеранот. Ова прашање ќе се дискутира на самитот на ЕУ во четврток и петок во Брисел.

Во поканата за самитот, Мишел информира дека вечерата на лидерите на ЕУ во четврток вечер ќе биде исклучиво посветена на ситуацијата во источниот Медитеран и на односите со Турција.

– Нашата цел е да создадеме простор за конструктивен дијалог со Турција со цел да се постигне стабилност и безбедност во целиот регион и да се гарантира целосно почитување на суверенитетот и суверените права на сите земји-членки на ЕУ, наведе Мишел во писмото.

Претседателот на Европскиот совет додаде дека тоа е можно само ако Турција биде конструктивна.

– Сите опции остануваат на маса за одбрана на легитимните интереси на ЕУ и нејзините членки, додаде Мишел.

Покрај источниот Медитеран, самитот на ЕУ ќе се фокусира на ситуацијата во Белорусија, труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и ситуацијата во регионот Нагорно Карабах, каде се судираат безбедносните сили на Азербејџан и Ерменија.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ