ЕУ со три нови услови за Србија?

Од:

Повикувајќи се на неофицијални информации, белградскиот „Политика” објави дека шефот на словачката дипломатија и претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак, им испорачал на српските власти три нови услови за „патот“ кон ЕУ, пренесува Б92.

Еден од нив е отварање на официјални преставништва помеѓу Белград и Приштина и средба на врвот Србија – Косово. Од Србија се бара исто така и укинување на судот во Косовска Митровица како и посебен телефонски повикувачки број за Косово и Метохија.

Шефот на преговарачкиот тим за новата Влада на Србија, Борислав Стефановиќ, рече дека во дијалогот кој го води белградскиот тим со косовските официјални лица, никој никогаш не спомнал отворање на конзулатски преставништва во Белград и во Приштина.

„Тоа никогаш не било предмет на било каква формална комуникација, ниту пак на неформална. Нашиот одговор по ова прашање е јасен“, коментира Стефановиќ.

Лидерот на социјалистите, Ивица Дачиќ, пред неколку дена во јавноста изјави дека од новата српска влада се очекува да отвори канцеларија во Приштина. Дачиќ во неделата рече и дека не сака да биде дел од владата од која се бара да се согласи на отварањето на косовска канцеларија во Белград.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он