ЕУ го активира Договорот за стабилизација и асоцијација со БиХ

Од:

Советот за општи работи на Европската унија денеска во Луксембург донесе одлука за активирање на Договорот за стабилизација и асоцијација со Босна и Херцеговина, седум години по неговото потпишување.

Одлуката е усвоена без расправа и претставува исполнување на европското ветување за евроинтеграциите, доколку лидерите на БиХ покажат подготвеност за реформи.

Како што јави ФЕНА, активирањето на Спогодбата значи деблокада на европскиот пат за БиХ, што ќе зависи од напредокот во спроведување на реформите во следните месеци. ЕУ како приоритети ги издвојува реформите во здравството, образованието и социјалниот сектор, изградба на функционална пазарна економија и правна држава и зајакнување на административните капацитети со цел да се подобри ефикасноста на институциите на сите нивоа.

Договорот за стабилизација и асоцијација официјално треба да стапи во сила на 1 јуни.

Претседавачот со Претседништвото на БиХ, Младен Иваниќ активирањето го оцени како отворање на нови перспективи за државата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1