„Етнос“: Раздор во ПАСОК во врска со тоа дали партијата да остане во коалиција со Нова демократија или да се сврти кон СИРИЗА

Од:

Влијателни функционери на ПАСОК се разидуваат во ставот дали партијата да остане во коалиција со Нова демократија или да се преориентира во насока на учество на социјалистите во евентуалната идна влада на радикалната левица СИРИЗА, пишува во денешниот коментар весникот „Етнос“.

Една недела по евроизборите, на кои ПАСОК, помалиот коалициски партнер во кабинетот на премиерот Андонис Самарас, доби осум отсто од гласовите, поранешниот министер Костат Скандалидис во својата статија во весникот „Та неа“ вели дека партијата треба да стави крај на компромисот со десницата.

– ПАСОК треба конечно да стави крај на историскиот компромис со десницата на следните избори, за да почне да комуницира со сите сили од политичката сцена, во таа смисла и со проевропските сили на СИРИЗА, вели Скандалидис.

Тој денеска преку радиото Скај директно го постави прашањето за отстранување на Евангелос Венизелос од лидерската функција во ПАСОК, доколку конгресот на партијата одлучи да ја промени политиката, а Венизелос одбие да ја реализира.

Друг поранешен министер на социјалистите, Димитрис Репас исто така излезе со статија, во која ја повика ПАСОК да биде отворена кон евентуална перспектива за консолидација и за формирање на кабинет со радикалната левица СИРИЗА, доколку тоа го бараат околностите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит