„Етнос“: Новата грчка државна радио и телевизија ќе се вика НЕПИТ

Од:

Името на новата грчка државна радио и телевизија ќе биде „Нова грчка радио, интернет и телевизија АД“ (НЕПИТ), се наведува во предлог-законот објавен на интернет за кој треба да се води јавна расправа, објави весникот „Етнос“.

Претходно, владиниот портпарол Симос Кедикоглу изјави дека новиот државен медиум ќе почне со работа до 29 август. Во него ќе работат околу 1.200 луѓе и веќе е направен изборот на вработените.

Портпаролот додаде дека сите вработени од ЕРТ ќе добијат отказни решенија и со новите назначувања ќе им се даде приоритет на луѓе со реален придонес за медиумот во сите изминати години.

Би можело да ве интересира

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица

Грција бара Македонија целосно да се усогласи со Преспанскиот договор