Етингер: Спогодбата меѓу Бугарија и Русија за „Јужен поток“ не е според европското законодавство

Од:

„Јужен поток“ е проект за испорака на гориво, што веќе пристига до ЕУ. Тоа е нов пат, а не нов извор, изјави денеска на прес-конференција во Брисел еврокомесарот за енергетика Гинтер Етингер.

– Проектот го оценуваме од правна гледна точка и сме во контакт со соодветните држави од ЕУ. „Јужен поток“ може да проработи со целиот свој капацитет дури по три години, па затоа тој не е решение за енергетската сигурност на ЕУ на краткорочен план. За ова прашање имаме добра расправа со бугарската Влада. Ја разгледуваме меѓувладината спогодба за овој гасовод меѓу Софија и Москва, чии одредби не се во согласност со европското законодавство. Се обидуваме да оцениме колку изградбата на оваа инсталација на бугарска територија може да биде усогласена со законодавството на ЕУ, дополни еврокомесарот.

Во принцип го поздравуваме секој инвеститор, кој ќе придонесе за безбедноста на енергетските испораки и ќе направи вложувања во инфраструктурата, посочи тој во одговор на прашањето дали Еврокомисијата се уште е благонаклонета кон руските инвестиции во европската енергетика.

– Тоа, меѓутоа, треба да биде во целосна согласност со нашите правила за внатрешниот пазар и конкуренцијата, појасни Етингер.

Според него, намерата на Русија да се жали на законодавството на ЕУ пред Светската трговска организација не ја олеснува ситуацијата.

– Сигурни сме дека европското законодавство одговора на светските трговски барања и тоа се применува не само кон „Газпром“, туку и во однос на сите на пазарот во ЕУ. Дозволуваме отстапки кога инвестициите се во интерес на европската енергетска политика, забележа еврокомесарот.

Би можело да ве интересира

Антиќ-Сијарто: Подготвени сме за Јужен тек, но не зависи се од нас

Наум Локоски

Гасовод од Грција преку Македонија и Србија алтернатива за „Јужен тек“

Ана Ололовска

Србија и Бугарија да му ги вратат на „Газпром“ парите вложени во Јужен поток

Емир Латифовиќ

Јужен тек – засега најскапата жртва на заострените односи на ЕУ и Русија

Ана Ололовска

За гасот има алтернативи, но треба посериозно да се работи на нив

Емир Латифовиќ

Србија потроши 30 милиони евра во пропаднатиот проект Јужен поток

Емир Латифовиќ