Јужен тек – засега најскапата жртва на заострените односи на ЕУ и Русија

Од:

Нема сомнеж дека гасоводот Јужен тек за сега е најскапата жртва на заострените односи на ЕУ и Русија.

Оној момент кога процени дека тоа е во интерес на Москва, дека ќе обезбеди извоз на руски гас, Владимир Путин се откажа од 40 милијарди вредниот проект Јужен тек оставајќи ги гасните сирачиња во југоисточна Европа да ламентираат зошто наместо нив, ја одбра Турција.

– Ние не можеме да почнеме изградба во морето се додека немаме дозвола од Бугарија. Да почнеме, да стигнеме до бугарскиот брег и тука да запреме – тоа е бесмислено, ја најави Путин веста која ќе ги потресе енергетските пазари на конференцијата за печат во Анкара, по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Готово е, проектот е затворен, повеќе нема враќање – потврди семоќниот шеф на Гаспром Алексеј Милер, прецизирајќи дека новиот гасовод преку Турција ќе има капацитет од 63 милијарди кубици годишно, колку што и Јужен тек.

Нема сомнеж дека гасоводот кој од Русија, под Црно Море, преку Бугарија, Србија и Унгарија треба да води до Австрија како последна, за сега е најскапата жртва на заострените односи на Европската унија и Русија.

Загубите на странските компании

Според оценката на руската агенција Тасс, директните загуби на европските компании од укинувањето на проектот Јужен тек ќе достигнат 2,5 милијарди евра, произлезе од материјалот на компанијата South Stream Transport. Јапонските компании ќе изгубат порачки за 320 милиони евра, што вкупните загуби на странските компании ќе бидат најмалку 2,82 милијарди евра.

Меѓутоа, некои експерти сметаат дека причините за прекин на изградбата кои ги наведоа Путин и Милер се само маска со цел пред руската јавност да се оправда повторно фијаско на еден голем руски проект.

Јужен тек од самиот почеток беше планиран врз основ на погрешни економски и политички калкулации.

– На Путин му е се потешко да се избори со вестите поради кои остава впечаток на политичар кој греши. Во такви случаи тој бара излез во фантазиите кои го претставуваат како силен, мудар и непобедлив политичар. Тоа е тактика со која се служеше кога рече дека Бугарија е губитник, а Брисел главен виновник. А истовремено Турција и Грција ги претстави како победници. Претседателот на Русија ја следи старата шема: неговото мото гласи: Закарај па владеј. Тој едноставно се обидува да ги сврти некои држави една против друга – вели за Дојче веле Илијан Василев, експерт за енергетика и финансии од Софија и поранешен амбасадор на Бугарија во Русија. Во Вашингтон Марк Строу, претседател на американскиот Совет за национална безбедност, за руската агенција Спутник во вторникот изјави дека одлуката за откажување од Јужен тек е резултат на интензивните притисоци на Русија, вклучувајќи ги и санкциите.

Син тек

Во Брисел слават дипломатска победа и првиот пораз на Путин по речиси една година од избивањето на украинската криза проследена со граѓанска војна, воведувањето на санкциите и контра-санкциите на релација Брисел – Москва и драстичното заладување на односите меѓу Западот и Истокот.

Терминот Победа повеќе одговара на новата реторика на студената војна, отколку на реалноста. Може да се каже повеќе мелем на рана на руската анексија на Крим отколку што ќе влијае на промената на политиката во Кремељ. Победата не го решава прашањето за снабдување со гас на сирачињата на југоисточна Европа. Членките на ЕУ се заинтересирани за Јужен тек – Австрија, Бугарија, Унгарија и Словенија, апелираа Европската комисија да ги испегла несогласувањата со Русија за проектот да биде усогласен со прописите на Унијата, но не успеаја поради силниот отпор на тие кои бараат намалување на зависноста од рускиот гас. Новата алтернатива рускиот гас да стигне до Италија и Австрија е преку Турција од Грција.

Како и Кина кога неодамна потпиша 400 милијарди долари вреден енергетски договор со Русија, Турција може да биде главен добитник од откажувањето од Јужен тек. Впрочем, можеби Турција е алтернатива за компромисот кој овозможува договор со ЕУ и Русија: – Намери на Унијата да обезбеди сигурни рути за снабдување со гас и желбата на Русија и понатаму да извезува гас.

Сместена на раскрсница меѓу Европа, Кавказ, Централна Азија, Блискиот исток и Средниот исток, Турција ги има сите предности да биде вага за распределба на енергијата. Москва до сега договори зголемување на испораките на гас за Турција преку постоечкиот гасовод Син тек, за 3 милијарди кубни метри. Цената на тие испораки од 1 јануари ќе биде за околу шест отсто пониска.
Син тек ќе биде проширен со систем на гасоводи, а ако се биде оценето како целисходно, на турската територија на границата со Грција, ќе се изгради гасен хаб за потрошувачите во Јужна Европа. Така новиот Син тек ќе ги преземе веќе изградените гасни инсталации за Јужен тек, кои се наоѓаат на територијата на Русија.

Јужен тек како средство за притисок

Гасот би се допремал до турско-грчката граница, т.е. на самата граница на Европската унија, од каде би можеле да го преземаат сите заинтересирани потрошувачи, со што Русија, макар и преку заобиколен пат, би добила пристап до пазарот на Јужна Европа.

Поентата е дека на таа граница не важи Третиот енергетски пакет на Европската енергетска заедница. Правилата на овој пакет, кои мора да почнат да се применуваат од 1 јануари 2015 година, се однесуваат на целосна либерализација на енергетскиот пазар и начелата на раздвојување на дистрибутерите и производителите. Во Брисел упорно повторуваат дека проблемот со Јужен тек е што не е во согласност со овие правила. Меѓутоа, Москва никогаш не планирала да го гради Јужен тек според тие правила на ЕУ. Токму затоа не ни побара Јужен тек да се исклучи од одредбите на ЕУ.

Но, поради нафтоводот Опал, кој води од Северен тек преку Германија, Москва поднесе барање актуелното право на ЕУ да се стави вон сила. Така станува јасно дека Русија го користеше Јужен тек како средство за притисок, а не како економски оправдан проект. Иако е тешко да се поверува дека Русите можат лесно да ја изиграат Грција, сето тоа сега на Турција и овозможува да се наметне како стратешки партнер. Уште во мај во Рим министрите за енергетика на ЕУ констатираа зголемен интерес на европските и меѓународните компании за турскиот енергетски пазар кој се либерализира со укинувањето на државниот монопол.

Турција на тој план е многу активна. Следната година треба да почне изградба на гасоводот ТАНАП, кој гасот од полето Шах Дениз Два во Азербејџан, преку Турција треба да се транспортира за Европа. Изградбата на гасоводот со капацитет од 16 милијарди кубни метри годишно (10 за Европа, 6 за потребите на Турција), треба да чини 45 милијарди долари и да трае четири години.

Турски договор со Курдите

Турција веќе има договор со Курдите во нивната автономна област во Ирак според кој од 2017 година, на Турција ќе испорачуваат 4 милијарди кубици гас, а од 2020 година дури 20 милијарди кубици. Откритијата на гас на подводното плато околу Израел и Кипар исто така го свртуваат вниманието на Турција, преку која овој гас би одел кон пазарите.

Експертите оценуваат дека Турција, ако сака да биде енергетска централа, мора да контролира најмалку 50 до 60 милијарди кубици гас годишно, бидејќи само потребите на ЕУ се околу 250 милијарди кубици. Со договорот со Путин, Анкара полека ги остварува своите амбиции за глобален енергетски играч.

Турскиот министер за енергија Танер Јилдиз вели дека неговата земја внимателно ќе го разгледа рускиот предлог да стане главна транзитна земја на руски гас. – Ќе го проучиме и резултатите од студијата ќе ги проследиме на нашиот претседател и премиер.

Гасоводот во текот на украинската криза се претвори во токсично прашање кое многу ја подели Европа, а откажувањето од Јужен тек најмногу ги вознемири Унгарија, Бугарија и Србија, земји кои речиси 100 процентно зависат од рускиот гас кој до нив доаѓа преку Украина. На нив Јужен тек требаше да претставува не само извор на приходи од такси на транзит на гас, туку и гаранција дека нема да се повтори зимата од 2009 година, кога поради судирот околу цената, во Бугарија беа затварани училишта и градинки, а во Белград панично купуваа термо печки.

Унгарија пред две недели пак официјално потврдуваше дека, наспроти спротивставувањето на ЕУ и САД, во 2015 година ќе почне да гради своја траса од Јужен тек, бидејќи тоа е единствен начин да ја осигура својата енергетска безбедност.

Србија плати висока цена

Владата во Будимпешта притоа повторуваше дека нема алтернатива, обвинувајќи ја Хрватска дека од 2013 година не инвестирала во трасите за снабдување кон Унгарија и дека истото важи и за Романија. Министерот за надворешни работи Петер Сзијарто најавува дека Владата сега ќе разгледа нови опции.

Бугарија на барање на Европската комисија прва се откажа од работите, но во меѓувреме доби понуда американската фирма Вестингхаус да гради четврта нуклеарна електрана. Некои во Софија и понатаму веруваат дека Путин дефинитивно ќе се откаже од Јужен тек, бидејќи тој на Бугарија би донел приход од 400 милиони долари годишно.

Министерот за економија Божидар Лукарски вели: – Јужен тек не би требало да се смета за суспендиран се додека Русија не излезе со официјално соопштение.

Овој оптимизам кој не се темели на ништо, го дели и српскиот министер за енергетика бидејќи се уште смета дека ништо не е изгубено. Се чека официјално соопштение од Гаспром. Не верува кога тоа ќе го објави Владимир Путин лично. Премиерот Александар Вучиќ е пореален: – Дали би било подобро да го имавме Јужен тек? Апсолутно. Плаќаме висока цена на конфликтот меѓу големите сили.

Србија поради тој проект веќе плати висока цена: ја продаде Нафтената индустрија на Србија НИС, на руската компанија Гаспром, не само по спорно ниска цена од 400 милиони долари, туку на Русите е даден мнозински пакет од 51 отсто, договори ниска цена на рудната рента која Русија ја плаќаат за експлоатација во Србија, овозможи сомнително мали делови на профит на Гаспром да се враќаат на Србија. Сето тоа на Русите им беше дадено поради Јужен тек, кој требаше да обезбеди избегнување на Украина, како и собирање на 500 милиони долари транзитивни приходи со кои првите години би се отплатувал рускиот кредит.

Од сето тоа денес ништо. Отидоа во ветер сите планови дека српското стопанство ангажирано на изградбата на гасоводот ќе заработи 500 милиони долари. Србија и понатаму ќе го плаќа рускиот гас по цена речиси дупло повисока од западните земји.

Владимир Путин на српските русофили им одржа лекција од прагматизам. Бадијала воената парада со која Белград го дочека Путин во октомври. Бадијала очигледното приближување на пансловенскиот и панправославниот ментор. Србија нека трпи притисоци што не е подготвена да се приклучи на санкциите на ЕУ кон Русија, но кога е нешто во интерес на Русија, тогаш другите не постојат.

Ако не се изгради Јужен тек, а сите изгледи се дека нема да се гради, од каде ќе стигнува гас?

Набуко, голем алтернативен проект кој кавкаскиот гас преку Турција и Бугарија требаше да води до Австрија, веќе е прекинат поради големите трошоци. Сега се предлага енергетската безбедност на Балканот да обезбеди складирање на гас во Словачка, која има диверзифицирани извори за снабдување. Гасоводот, пресекувајќи еден агол од Украина, треба да води кон Романија и Бугарија.

Се активира и идејата, поддржана во Хрватска, за голем терминал на течен гас на островот Крк во кој енергентите би стигнувале од Катар и Алжири, дури и од САД и од таму да се транспортираат по Балканот. Планот е скап поради инсталациите кои треба да се направат. Трета опција и понатаму е во игра, е Трансјадранскиот гасовод ТАП, кој гасот од Азербејџан преку Турција би се доставувал до Европа.

Она што е сега извесно, е зголемување на притисокот кој со укинувањето на Јужен тек од регионот ќе појде кон Брисел. Впрочем, ЕУ во голема мера е одговорна што овој проект за сега е ставен под ад акта.

Јужен тек е жртва на глобалните игри. САД и ЕУ нема да дозволат на Русите да продаваат гас по Европа на мала врата, со посредство на Јужен тек и така Украина да ја држат во шах. Намалувањето на цената на нафтата за над 40 отсто сигурно не е случајно. Рускиот буџет едвај може да се балансира само на цена повисока од 70 долари по барел, а денес нафтата е под тоа ниво. Москва возврати со неочекувана брзина. За стопанство кое 70 отсто од своите извозни приходи ги остварува на енерегенти, со откажувањето од Јужен тек и договорот со Турција покажува способност за брзо реагирање.

Воспоставени се стратешки важни односи со Турција во време кога Анкара има многу проблеми внатре во НАТО, посебно со Американците околу Блискиот исток. Русија се обидува да ги избегне санкциите обидувајќи се главниот товар од казнените мерки да ги префрли на Европската унија.

Ал Џезира Балкан – Сараево

 

Би можело да ве интересира

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

Голем интерес за тендерот за гасоводот Грција – Македонија

Орце Костов

„Енерџи прес“: До крајот на месецов Грција ќе го објави тендерот за изградба на интерконекторот со Северна Македонија

Кина го поткопува клучниот проект на Путин, правејќи ја Москва нервозна

Белград започна со изработка на просторно-техничка документација за гасната интерконекција Србија-Северна Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Експлодираше гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија

Горан Наумовски