„Ескобар“ од Никшиќ е убиен во Белград

Од:

Ранко Радошевиќ (54) со прекар Ескобар родум од Никшиќ (Црна Гора) е убиен денеска во Белград. Неговото телото се уште е во кафулето на пумпата „Кнез петрол“, каде што пукањето се случило околу 11 часот утринава.

Една чаура била пронајдена пред влезот на кафулето. На местото на настанот се очевидци, работници на бензинска пумпа, како и гости во кафулето, голем број припадници на полицијата и екипа на форензичката техника.

Местото на злосторството е дополнително проширено, така што не може да се приближи до пумпата, а дополнително е зајакната и безбедноста на местото на настанот.

Убиениот и претходно и бил познат на црногорската полиција како член на криминална група од Никшиќ која наводно е блиска до „шкаљарците“ и со убиениот Јован Вукотиќ.

Според српските медиуми, убиениот се занимавал со шверц на кокаин и сканк, а наводно бил и припадник на кланот Бежанија на Горан Мијатовиќ.

По апсењето на групата Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, во нивниот возен парк бил пронајден автомобил „БМВ“, кој бил регистриран на име на Ранко Радошевиќ, а постои сомневање дека своето возило го дал на водачите на озлогласениот клан.

Покрај тоа возило, Миљковиќ во својата куќа имал и автомобил на име Радошевиќ, како и полиса за осигурување на тој автомобил – открил претходно извор за белградските медиуми.

Да потсетиме, двајца маскирани напаѓачи упаднаа и испукаа проектил во правец на „Ескобар“ кој беше смртно погоден.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции