Ескобар: Корупцијата е најголемиот проблем на Западен Балкан

Од:

Корупцијата претставува најголем проблем на Западен Балкан, изјави специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, додавајќи дека САД ќе продолжат да ги користат сите достапни алатки, вклучително и санкциите, за да ги казнат дестабилизирачките актери.

„Корупцијата е канцер кој ја нагризува вербата на граѓаните во демократијата, го намалува инстинктот за иновативност и креативност, па на тоа се трошат и онака оскудните буџети, што ги скратува инвестициите. Се троши талентот на цели генерации“, изјави Ескобар за „Дневни аваз“.

Тој рече дека тоа ги плаши инвеститорите, додавајќи дека САД се посветени на промовирање одговорност, како и залагање за казнување на оние кои се вклучени во корупција во Западен Балкан и во целиот свет.

„САД ќе продолжат да ги користат сите достапни алатки, вклучително и санкции, за да ги казнат злонамерните и дестабилизирачки актери, како и организациите и компаниите кои ги поддржуваат“, порача Ескобар.

Тој рече дека младите го напуштаат Западен Балкан за да најдат работа и можности во други држави.

„Тоа го прават затоа што нема доволно можности за нив во нивните земји. Време е на овие млади луѓе да им се даде можност да ја искористат својата енергија и имагинација“, истакна Ескобар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Горан Наумовски

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он