Високата претставничка на ЕУ, за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон потврди дека на 8-ми јули во Брисел повторно ќе се сретне со премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, за да ја продолжат започнатата работа.
-Нема да застанеме се додека не заврши се, а останаа уште многу нешта кои треба да се направат, за да се обезбеди тоа и прифати на терен-истакна таа.
Ештон пратенците во Европскиот парламент ги запозна со напредокот од бриселскиот договор и додаде дека ќе даде поддршка на се што Европскиот парламент може да направи за да помогне во тој процес, кој е значаен за целиот регион.
Елена Георгиевска